Повеќе од половина од кредитите што државата ги зела се неискористени, а камати се плаќаат

Од вкупно одобрени 3 милијарди и 100 милиони евра кредити за реализирање на проекти преку 12 институции, заклучно со првиот квартал годинава, не се повлечени повеќе од половина, односно дури милијарда 750 милиони евра, главно поради застој и забавена динамика на спроведување на проектите, се вели во анализата на Агенда 35. Притоа, само за неповлечениот дел од овие кредити, државата досега платила камати и провизии од дури 26 милиони евра, што е недомаќинско однесување со народните пари.

Сте зеле ли некогаш кредит од банка за да изградите, на пример, куќа, ама никако да почнете да ја градите, а притоа за позајмените пари си плаќате камата?!

Ова го прави државата.

Од вкупно одобрени 3 милијарди и 100 милиони евра кредити за реализирање на проекти преку 12 институции, заклучно со првиот квартал годинава, не се повлечени повеќе од половина, односно дури милијарда 750 милиони евра, главно поради застој и забавена динамика на спроведување на проектите, се вели во анализата на Агенда 35. Притоа, само за неповлечениот дел од овие кредити, државата досега платила камати и провизии од дури 26 милиони евра, што е недомаќинско однесување со народните пари.

Најголем дел од неповлечените кредити за кои државата секако плаќа провизии се за капитални инвестиции, што значи дека граѓаните се оштетени двојно – прво плаќајќи камати за неискористени кредити од народни пари, и второ, недобивајќи ја потребната инфраструктура – улици, патишта, училишта, болници…

Според одделни институции, апсолутен рекордер по неискористени а одобрени кредити е Јавното претпријатие за државни патишта, но тука се вбројуваат и Министерството за образование, за транспорт и врски, и Министерството за труд и социјална политика.

Државниот завод за ревизија кој го нотира овој проблем, укажува на „потреба од забрзување на динамиката за реализација на отпочнатите проекти, што ќе има значајно влијание врз развојот на државата, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, како и рационално користење на средствата од државниот буџет“.

„Дали платите на функционерите во нашата држава се поинтересни од фактот што имаме огромен одлив на средства во меѓународните кредитни институции, што имаме забавено темпо на капиталните инвестиции и што имаме сериозни проблеми во единиците за спроведување на проектните активности“, вели главниот државен ревизор Максим Ацевски за Агенда 35.

Во интервјуто, ревизорот Ацевски открива дека по наодите, биле задолжени повеќе институции, вклучително и кабинетот на премиерот за решавање на овој проблем.

Но, наспроти владиниот наратив дека капиталните инвестиции се реализираат на рекордно високо ниво дури и за време на енергетска криза, едно најново истражување на Центарот за граѓански комуникации сепак покажа дека зад овој навидум позитивен тренд, всушност се кријат расходи кои по својата природа се тековни, но се прокнижени како да се капитални.

Она што според меѓународните сметковдствени стандарди се смета за капитални инвестиции, се градежните објекти во кој спаѓа изградбата на секаква јавна инфраструктура. Кај овие инвестиции, истражувањето на Центарот за граѓански комуникации евидентира слаб раст последните пет години, додека тековните трошења забрзано растат.

Сметки за струја прикажани како капитални расходи

На наспроти владиниот наратив дека капиталните инвестиции се реализираат на највисоко можно ниво, и покрај енергетската криза, најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека зад нив всушност се кријат расходи, коишто се тековни, но се прикажани како да се капитални.

„Речиси една третина од реализираните капитални расходи, односно 131 милиони евра, биле потрошени за исплати на пари од владината програма за справување со кризата, односно антикризните мерки, кои не може да се подведат под категоријата ‘капитални’.“, вели Сабина Факиќ од ЦГК.

Најголемиот раст во капиталните расходи е всушност остварен преку буџетската ставка 485 (Вложувања и нефинансиски средства) која изнесува 179 милиони евра, а преку неа се вршени исплатите кон АД ЕСМ (97 милиони евра), како и на други државни компании, АД Пошта (2 милиони евра) и АД Водостопанство (1,8 милиони евра) за сервисирање на обврските за електрична енергија.

Факиќ додава и дека трендот на сметководствено евидентирање на исплатите кон АД ЕСМ како капитални расходи продолжува и годинава, па оттука и препорака до властите да ги издвојат овие трошоци од оваа ставка, за таа да се исчисти од расходи кои во суштина не припаѓаат во оваа група, односно го замаглуваат квалитетот и го зголемуваат квантитетот на сметката.

Она што според меѓународните сметковдствени стандарди се смета за капитални инвестиции, се градежните објекти во кој спаѓа изградбата на секаква јавна инфраструктура. Кај овие инвестиции, истражувањето евидентира слаб раст последните пет години, додека тековните трошења забрзано растат.

Истражувајќи ги последиците од енергетската криза, наодите на Центарот за граѓански комуникации откриваат дека токму преку капиталните проекти, граѓаните платиле висока цена, односно не ја добиле ветената инфраструктура. Според наодите, жртвувани биле капитални проекти во вредност од најмалку 220 милиони евра.

Што се однесува до директните трошоци за енергија, истражувањето открива за таа цел се потрошиле четири пати повеќе народни пари отколку на пример за градежните објекти. Имајќи ги предвид наодите од истражувањето, Центарот за граѓански комуникации има неколку препораки до властие во насока на подобрување на транспарентноста но и начинот на трошење на народните пари.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here