Со залепени усни, новинарите протестираа порачувајќи: Нема да нѐ замолчите!

Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари, организатори на протестот,  на судијката Јованка Спировска-Панева, која напиша во пресуда дека ИРЛ не е медиум и не смее да ги објавува истражувањата, ѝ „доделија“ голема златеста плакета за „Цензор на годината.“

Со залепени усни, покажувајќи демонстративно дека во државава владее цензура, денеска новинарите протестираа пред Основниот граѓански суд во Скопје.

„Не ми се ќути“,  „Не сме џубокс, ние сме новинари“, „Модуларно судство“, „Цензори во име на моќниците“ и „Осудени за вистината!“, беа само дел од пораките кои денеска новинарите, камерманите и останатите медиумски работници  ги испратија пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Нивниот револт доаѓа по пресудата во случајот „Фероинвест против ИРЛ“ во која се спори статусот на новинарите во ИРЛ и се наведува дека тие не можат да се претставуваат како новинари и да прават новинарски емисии, што според новинарските здруженија може да биде опасен преседан во иднина.

Новинарите побараа од Граѓанскиот и од Апелациониот суд повнимателно и поодговорно да се однесуваат со тужбите за клевета и навреда против новинари и да ја почитуваат слободата на информирање.

Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари, организатори на протестот,  на судијката Јованка Спировска-Панева, која напиша во пресуда дека ИРЛ не е медиум и не смее да ги објавува истражувањата, ѝ „доделија“ голема златеста плакета за „Цензор на годината.“

„Ние зборуваме во име на граѓаните. Кога сакаат да не` забранат нас ги забрануваат граѓаните. Забрануваат граѓаните да го кажат својот глас, забрануваат граѓаните да ја слушнат вистината. И затоа сакам да им порачам – не му успеало на никого до сега, и нема да успеат. Само ќе не направат посилни, само предизвикаа да дојдеме овде пред Судот и да ја пратиме пораката. И сакам да им кажам дека нема да застанеме“, порача Сеад Ризвановиќ, новинар во ТВ 24.

Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари, организатори на протестот,  на судијката Јованка Спировска-Панева, која напиша во пресуда дека ИРЛ не е медиум и не смее да ги објавува истражувањата, ѝ „доделија“ голема златеста плакета за „Цензор на годината.“

„Години наназад судиите работат во корист на бизнисмените, во корист на политичарите. Но, ние сме тука да ја кажеме вистината пред се`. Судиите треба да си ја знаат работата и да ја ценат, не според тоа кој е во позадина и кој е тој што тужи, туку реално да гледаат на работите. Затоа што никој досега не не` замолчил, ниту отсега ќе не` замолчи“, рече новинарката Ирена Мулачка од Фокус.

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here