*Во Струга наместо вода од чешмите рече темнокафеава течност
Кој ќе погоди што е, добива – пакет вода 💧
*Украл картичка и пет месеци трошел – сопственикот не го пријавил
Жена му сигурно трошела повеќе 👠
*Данците купиле 250 станови во Скопје, планираат да стигнат до 1000
Овие Данци не ќе да се баш Данци #нештојетруло
*Државниот архив не ги исполнува основните услови за сместување, чување и заштита на архивски материјали
Сме имале институција што не може да си ја заврши единствената можна работа што ја има? Немогуче 🤣
*Мерц: Ни треба нова стратегија за Западен Балкан
Ни ме сакаш, ни на друг ме даваш 🎶
*Цели региони немаат инспектор за животна средина – Државниот инспекторат наместо 50, има само 25 вработени
Од нив – само пет саглам!? 🫤
*Во Тетово се породила жена која се водела како почината од 2006
Во многу земји мртвите гласаат, ама само кај нас – раѓаат 💪
*Крадец фатен на дело во Ѓорче, му земале сѐ што зел
Сите способни заминаа за Германија 🤷♀️
*СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ го партизира судството
ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го партизираше судството
Кога едниот гледа шестка, а другиот деветка – многу е можно и двајцата да се во право 😇
*Ахмети повикува на марш во Приштина за правда за водачите на ОВК
Живеење во минатото е главен симптом на траума… опозициска. Консултација со лекар/фармацевт препорачана 👩⚕️
* * * * * * * * * * * * * * * *
Бонус вест (претпразнична) ♥️
* *Празнувајте со срце, возете со разум – апелира Советот за безбедност во сообраќајот*
Обратното е секогаш скапо ❗️😉
Редакциска забелешка:
Вестите од рубриката “Вести из бесвести” се селекција на наслови од македонските медиуми, кои се однесуваат на вистински настани што го одбележаа денот. Уредничкиот коментар е сатира, преку кој редакцијата сака да ја отслика надреалноста во која живеат македонските граѓани, во едно секојдневие кое честопати се граничи со целосен апсурд!








