Пријавете се за бесплатни онлајн обуки за Европската унија

За време на четири интерактивни онлајн сесии, учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења за Европската унија, демократските процеси, политиката на проширување и дигиталното управување.

Ве покануваме да се регистрирате за бесплатни онлајн обуки за создавањето и функционирањето на Европската Унија, процесот на донесување одлуки, проширувањето и дигиталното управување во земјите-членки.

Циклусот онлајн обуки се спроведува во рамките на проектот ENGAGEUROPE – Mobilizing Citizens for the Future of European Democracy through Data-driven Advocacy, Engagement, and Mobility, меѓународна програма што ги здружува младите луѓе од Балканот и Европската унија за да учат заедно за демократијата, европските политики и застапувањето, да учествуваат во меѓународни обуки и собири, да водат дијалози со граѓаните и донесувачите на одлуки и да креираат препораки за иднината на Европа.

За време на четири интерактивни онлајн средби, учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења за Европската унија, демократските процеси, политиката на проширување и дигиталното управување. Покрај предавањата, обуките вклучуваат дискусии, практични вежби, квизови и размена на искуства со млади луѓе од различни европски земји.

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за млади луѓе од Македонија кои сакаат да:

  • го прошират своето знаење за Европската Унија и процесот на европска интеграција;

  • подобро го разберат  функционирањето на демократските институции и донесувањето одлуки;

  • да научат повеќе за дигиталното управување, заштитата на податоците и регулирањето на дигиталните платформи;

  • да разменат искуства со колеги од регионот и Европа;

  • да развијат вештини за критичко размислување и активно граѓанско учество.

Како изгледа програмата за обуките?

Прва сесија– Европската унија и демократското учество на граѓаните

Вторник, 4 август | 17:00–20:00

Предавач: Бојана Селаковиќ, координаторка на Националната конвенција за Европската Унија.

Теми:

  • Како функционира Европската Унија;

  • Основни вредности на ЕУ;

  • Европските институции и донесувањето одлуки;

  • Улогата на граѓаните, граѓанското општество и независните медиуми во демократијата.

Втора сесија– Процесот на проширување на Европската унија

Среда, 5 август | 17:00–20:00

Предавач: Бојана Селаковиќ

Теми:

  • Како една земја станува членка на ЕУ;

  • Критериуми за пристапување;

  • Процес на преговори;

  • Актуелни предизвици и иднината на проширувањето на Европската Унија.

Трета сесија – Дигитално управување во Европската унија

Вторник, 11 август | 17:00–20:00

Предавач: Оркидеа Џаферај, експерт за дигитализација и иновации (SCiDEV, Албанија).

Теми:

  • Заштита на лични податоци (GDPR);

  • Закон за дигитални услуги (DSA);

  • Закон за дигитални пазари (DMA);

  • Закон за вештачка интелигенција (AI Act);
  • Права на дигиталните граѓани и европски дигитални правила.

Четврта сесија– Практични вежби, дискусија и рефлексија

Среда, 12 август | 17:00–20:00

Предавач: Ивана Николиќ, координатор за истражување, Младинска иницијатива за човекови права Србија.

Последната сесија вклучува:

  • Интерактивен квиз за знаење;

  • Групна работа и дискусии;

  • Размена на искуства со учесници од други земји;

  • Евалуација на програмата и дискусија за можностите за понатамошно граѓанско учество.

Како ќе се одржи обуката?

Сите сесии се одржуваат онлајн преку платформата Microsoft Teams.

Рок за пријавување

Апликациите се отворени до 2 август 2026 година.

Пријавете се

Аплицирајте со пополнување на формуларот за апликација достапен на овој линк.

Програмата се спроведува во рамките на проектот ENGAGEUROPE – Mobilizing Citizens for the Future of European Democracy through Data-driven Advocacy, Engagement, and Mobility, кој е финансиран од Европската унија преку програмата Citizens, Equality, Rights and Values (CERV).

Финансира  Европската унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво ставови на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Европската унија и надлежниот орган не можат да бидат одговорни за нивната содржина.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here