Холандскиот амбасадор “го искара“ Ахмети: Не се мешајте во судството!

Според холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

По две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Ваква директна порака упатил холандскиот амбасасадор во Северна Македонија, Дирк Јан Коп на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Според холандскиот амбасадор неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија. Пораките од средбата и фотографии со Ахмети беа објавени на официјалната страница на Амбасадата на Холандија во Северна Македонија на социјалните мрежи. 

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК на 3 ноември се пожали дека има политички притисоци врз Врховниот суд за да овозможи враќање на експремиерот Никола Груевски од Будимпешта.

„Присутна е политичката закана за разрешување на врховни судии, ама нема основ да оживее аболицијата на Груевски“, рече во интервјуто претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Веднаш по интервјуто, нејзе ѝ беше поднесена иницијатива за разрешување во Судскиот совет, за што постапката е во тек.

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here