- Нов ден, нов успех на европска Македонија 🎊
– Застаре едно од делата на Миле Јанакиески за “Талир”
- Нека ги грее љубовта ❤️
– Скопјани се жалат на ладни радијатори
- Леле луѓе, држете се, овие не се готови, имале уште 10 проценти да “реализираат”🙀
– СДСМ: “До сега реализиравме 90 проценти од програмата”
- Како и секој друг ден впрочем 💅
– Администрацијата во Скопје во четврток нема да работи
- Ветување, на лудиот радување… абе Миле, да не е многу? 🎅
– Мицкоски ветува по 5000 денари на пензионерите
- Вести од геополитичкиот моментум 🤡
– Не може да има проширување на ЕУ без ЕУ прво самата да се реформира, смета белгиската министерка Лабиб, која од јануари преседава со Унијата
- Вести од најуспешната менаџерка во Европа, светот и пошироко 👑
– Молк од Град Скопје дали ќе биде украсена метрополата за Нова Година
- Водиме сериозна битка со криминалот, вели министерот Спасовски 🥷🏾
– Филмски грабеж во Чегране – тројца вооружени украле пола тон марихуана
- Ние сме Европа… е сега без Герман, до душа ❄️
– Селото Герман три дена заборавено од државата – од саботата се без струја, со завеан пат.
- Па, еднаш се објаснува зошто има албум сликички со ДУИ, не ќе ви се правда секој ден, се разбирате ли вие од збор? 🤌
– Шефот на обвинителството за гонење на висок криминал и корупција Ислам Абази за една година мандат одржа само една конференција
- Вести од прозападниот блок 🇺🇸 🇪🇺
– За багателни цени распродаден државен имот на контроверзниот бизнисмен Дака кој е на црната листа на САД
- Јадете мортадела… во тост 🐷
-Чварките достигнаа цена од 1000 денари за килограм
- Со Господ напред ♟️
– Џафери ги скрои пресметките за избори во мај
⭐️ Бонус вест од регионот:
- Ти би ме хтео за једну ноч 👩❤️👨
– Лепа Брена откри кога прв пат се бакнала со Бобо: “ми велеа да се пазам, бил голем плејбој”
Редакциска забелешка:
Вестите од рубриката “Вести из бесвести” се селекција на наслови од македонските медиуми, кои се однесуваат на вистински настани што го одбележаа денот. Уредничкиот коментар е сатира, преку кој редакцијата сака да ја отслика надреалноста во која живеат македонските граѓани, во едно секојдневие кое честопати се граничи со целосен апсурд!