▪Ова е секуларна држава… освен кога не е 🤡
Директорот на Агенцијата за одземен имот подари комбе и трактор на џамија.
▪Органско си е органско 🤌
Oхридското езеро преплавено со фекалии, но тоа не влијае врз квалитетот на водата.
▪Галопираме кон Брисел 🎊
Испукана фасада, расфрлано ѓубре и скршени прозорци. Вака изгледаат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.
▪ Неко меџу нама није наш 😎
Македонската фирма Сајтрокс АД на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер.
▪ Вести од европскиот блок 🇪🇺
Владата го злоупотребила деловникот и под превезот на итност ги заобиколила проверките и процедурите на седницата за одлуката за рудниците.
▪ Вести од водачите на европскиот блок 🇪🇺🇪🇺
ДУИ ги злоупотреби просториите на Владата за партиски цели – во Министерството за политички систем средба имаше партискиот лидер Али Ахмети.
▪ Ем лековерни, ем заборавени 🫣
Владата најави седница за одлуката за Иловица, ама заборави дека министерот Бектеши е на службен пат во Америка
▪ Нема никакви други услови бла бла…. Oh wait имало и дома 🥱
Беса условува: Да се укинат 20 отсто за албанскиот јазик за да гласаат за уставните измени.
▪ Изградете нови – секако ќе ви требаат! 🤭
Законот предложен од Министерството за правда ќе ослободи половина од затворениците, оти затворите ни биле пренатрупани.
▪Televisa presentа 🍿
Со клоци и тупаници по момче, две жени тепаат девојка и ја влечат за коса – голема тепачка на базенот во Штип.
Редакциска забелешка:
Вестите од рубриката “Вести из бесвести” се селекција на наслови од македонските медиуми, кои се однесуваат на вистински настани што го одбележаа денот. Уредничкиот коментар е сатира, преку кој редакцијата сака да ја отслика надреалноста во која живеат македонските граѓани, во едно секојдневие кое честопати се граничи со целосен апсурд!