▪️ Господ на небото, на земјата министер 🤌
“Кога министер носи одлука, таа не се преиспитува!” – вели министерот Меџити за тоа дали ќе ја преиспита одлуката за разрешување на Јовев.
▪️ Неко меџу нама није наш 😎
“Тие се од Косово, не се странци” – нов “бисер” на министерот Меџити околу наредбата што ја дал за граѓаните на Косово да плаќаат еднакво како македонските граѓани за приватни услуги во македонското здравство.
▪️ На Миле му текна 🧠
“Ме носеа на судење со нарушено здравје, со оперирано колено, со штрафови” – вели поранешниот министер Миле Јанакиески обвинет во случајот “Топлик”.
▪️ Да ѝ објасниме на вицепремиерката? 🤭
Нема компанија за психолошко тестирање на судии, а Грковска вели – необјасниво е како стигна состојбата до тука.
▪️Галопираме кон Брисел… еден по еден 🇲🇰 🇪🇺
Од предвидените 802 деца кои требало да се запишат во 10-те основни училишта во Прилеп во прво одделение се запишале само 480!
▪️И Брисел би галопирал кон нас, ама им е страв 🇪🇺 🇲🇰
Доверлив документ на шведското претседателство: ЕУ се плаши дека проширувањето ќе ја чини многу пари!
▪️ На Запад ништо ново 🤷♀️
На Тетовскиот универзитет врие од роднински врски и непотизам, открива Алсат преку Просветниот инспекторат.
▪️ Скопски романтики 🕳️
Скопјани и покрај тоа што плаќаат за улично осветлување, мораат да светат со мобилен за да се движат низ главниот град кој во делови не е вооошто осветлен.
▪️ Ред молам, да ги услужиме прво странците приватно, после вакви ситници 👨⚕️🧑⚕️
Мој “Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија.
▪️ Главните криминалци и онака се надвор 🕸️
Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ – нема чувари!
▪️ Televisa presenta 🫣
Судијка не знае како да постапи со обвинет кого државата го смета за умрен откако брат му му го земал пасошот и починал во Чешка.
Подготвила: Катарина Синадиновска
Редакциска забелешка: Вестите од рубриката “Вести из бесвести” се селекција на наслови од македонските медиуми, кои се однесуваат на вистински настани што го одбележаа денот.
Уредничкиот коментар е сатира, преку кој редакцијата сака да ја отслика надреалноста во која живеат македонските граѓани, во едно секојдневие кое честопати се граничи со целосен апсурд!