Претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, беше поканет на приватна вечера во чест на Неговото Светло Височество принцот Алберт II од Монако, во организација на основачот и претседател на Делфи економскиот форум, Симеон Цомокос.
На вечерата, покрај официјалната делегација од Кнежеството Монако, присуствуваа и истакнати актуелни и поранешни носители на одлуки од европскиот континент.
Димитров беше единствениот претставник од Северна Македонија и од регионот.
Во разговорите се отворија теми поврзани со предизвиците на современата геополитика, позицијата на Европа на глобалната сцена, како и регионалните прашања.












