Ве покануваме да се регистрирате за бесплатни онлајн обуки за создавањето и функционирањето на Европската Унија, процесот на донесување одлуки, проширувањето и дигиталното управување во земјите-членки.
Циклусот онлајн обуки се спроведува во рамките на проектот ENGAGEUROPE – Mobilizing Citizens for the Future of European Democracy through Data-driven Advocacy, Engagement, and Mobility, меѓународна програма што ги здружува младите луѓе од Балканот и Европската унија за да учат заедно за демократијата, европските политики и застапувањето, да учествуваат во меѓународни обуки и собири, да водат дијалози со граѓаните и донесувачите на одлуки и да креираат препораки за иднината на Европа.
За време на четири интерактивни онлајн средби, учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења за Европската унија, демократските процеси, политиката на проширување и дигиталното управување. Покрај предавањата, обуките вклучуваат дискусии, практични вежби, квизови и размена на искуства со млади луѓе од различни европски земји.
Кој може да аплицира?
Повикот е наменет за млади луѓе од Македонија кои сакаат да:
- го прошират своето знаење за Европската Унија и процесот на европска интеграција;
- подобро го разберат функционирањето на демократските институции и донесувањето одлуки;
- да научат повеќе за дигиталното управување, заштитата на податоците и регулирањето на дигиталните платформи;
- да разменат искуства со колеги од регионот и Европа;
- да развијат вештини за критичко размислување и активно граѓанско учество.
Како изгледа програмата за обуките?
Прва сесија– Европската унија и демократското учество на граѓаните
Вторник, 4 август | 17:00–20:00
Предавач: Бојана Селаковиќ, координаторка на Националната конвенција за Европската Унија.
Теми:
- Како функционира Европската Унија;
- Основни вредности на ЕУ;
- Европските институции и донесувањето одлуки;
- Улогата на граѓаните, граѓанското општество и независните медиуми во демократијата.
Втора сесија– Процесот на проширување на Европската унија
Среда, 5 август | 17:00–20:00
Предавач: Бојана Селаковиќ
Теми:
- Како една земја станува членка на ЕУ;
- Критериуми за пристапување;
- Процес на преговори;
- Актуелни предизвици и иднината на проширувањето на Европската Унија.
Трета сесија – Дигитално управување во Европската унија
Вторник, 11 август | 17:00–20:00
Предавач: Оркидеа Џаферај, експерт за дигитализација и иновации (SCiDEV, Албанија).
Теми:
- Заштита на лични податоци (GDPR);
- Закон за дигитални услуги (DSA);
- Закон за дигитални пазари (DMA);
- Закон за вештачка интелигенција (AI Act);
- Права на дигиталните граѓани и европски дигитални правила.
Четврта сесија– Практични вежби, дискусија и рефлексија
Среда, 12 август | 17:00–20:00
Предавач: Ивана Николиќ, координатор за истражување, Младинска иницијатива за човекови права Србија.
Последната сесија вклучува:
- Интерактивен квиз за знаење;
- Групна работа и дискусии;
- Размена на искуства со учесници од други земји;
- Евалуација на програмата и дискусија за можностите за понатамошно граѓанско учество.
Како ќе се одржи обуката?
Сите сесии се одржуваат онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Рок за пријавување
Апликациите се отворени до 2 август 2026 година.
Пријавете се
Аплицирајте со пополнување на формуларот за апликација достапен на овој линк.
Програмата се спроведува во рамките на проектот ENGAGEUROPE – Mobilizing Citizens for the Future of European Democracy through Data-driven Advocacy, Engagement, and Mobility, кој е финансиран од Европската унија преку програмата Citizens, Equality, Rights and Values (CERV).
Финансира Европската унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво ставови на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Европската унија и надлежниот орган не можат да бидат одговорни за нивната содржина.
