Почетна Анализи Стручност пред партиска книшка: Кој треба да ги води болниците?

Стручност пред партиска книшка: Кој треба да ги води болниците?

Како да обезбедиме изборот на директорите на јавните здравствени установи да се темели на стручност, компетентност и професионални резултати, наместо на партиска припадност? Кои промени се потребни за да се воспостави транспарентен и меритократски систем на именување и отчетност во управувањето со јавното здравство? На овие прашања одговори дава анализата „Департизација на именувањето на директорите на јавните здравствени установи“, претставена денеска од БЦКП „Солуција“ во соработка со дигиталната редакција СакамДаКажам.мк., после која следеше панел-дискусија на темата со релевантни соговорници. Анализата е изработена со поддршка на Националната фондација за демократија (NED).

Како да обезбедиме изборот на директорите на јавните здравствени установи да се темели на стручност, компетентност и професионални резултати, наместо на партиска припадност? Кои промени се потребни за да се воспостави транспарентен и меритократски систем на именување и отчетност во управувањето со јавното здравство?

На овие прашања одговори дава анализата „Департизација на именувањето на директорите на јавните здравствени установи“, претставена денеска од БЦКП „Солуција“ во соработка со дигиталната редакција СакамДаКажам.мк., после која следеше панел-дискусија на темата со релевантни соговорници. Анализата е изработена со поддршка на Националната фондација за демократија (NED).

Собранието на 11 февруари го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, со кој се укинува дискреционото право на директорот при вработувања, но тоа не е доволно, потребни се уште измени, потсети модераторката Катарина Синадиновска од „Солуција“, осврнувајќи се на досегашните заложби и иницијативи за промена на здравствената регулатива и воведување на мерит системот при вработувањата.

Според д-р Гоце Коцевски,  коавтор на анализата заедно со д-р Борјан Ѓузелов, тој закон е многу оскуден во смисла дека ги утврдува критериумите на еден многу општ начин кој може да биде директор на јавно здравствена установа. Постапката е уште повеќе оскудна, т. е. вели ‘Управниот одбор распишува јавен оглас, па јавниот оглас се објавува во дневни весници, и министерот носи решение и тука завршува постапката. На овој начин поставена законската рамка има една суштинска слабост, а тоа е дека ние не можеме да направиме проверка дали лицето кое што се пријавува за конкурс навистина ги задоволува критериумите кои што се неопходни за водење на здравствена установа“, рече Коцевски.

Работејќи ја анализата, барале и добиле податок од Министерството за здравство дека две третини од јавните здравствени установи имаат в.д. директори.
​Со други зборови, вели тој, нешто што во законот е предвидено како исклучок, само ако конкурсот е неуспешен и којшто е временски ограничен на шест месеци, кај нас е правило.

Според д-р Бојан Трајковски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, проблемот не е во тоа што нема квалитетни кадри во партиите, туку во критериумите.​

„Најчесто се поставени луѓе кои биле добри за време на предизборието и биле нешто во партијата, па сега преку возвратни услуги се поставуваат на некоја позиција. ​​Главниот проблем е што буквално сите ешалони се именуваат без апсолутно никаков критериум. ​Не е оправдано директори на институции  да не бидат лекари. Тие треба да се лекари секогаш, освен во исклучителни ситуации. ​Сите ние имаме целосно искуство од минатите економски кризи каде што сме студирале, работеле и сме виделе што фали.“, рече Трајковски.

Новинарката Соња Колевска-Делевска од редакцијата на „Сакам да кажам“  говореше зошто партиите се толку заинтересирани за поставувањето на луѓе на раководни позиции, како што се директори на клиники и болници, односно дека корупцијата и клиентелизмот се главните мотиви.

Таа сподели дека пред две години во нивната редакција се обратил сопственик на веледрогерија кој пријавил дека бил изложен на рекетирање од директор на јавна детска болница во Скопје. Според неговото сведоштво, фирмата ги добила судските спорови за наплата на побарувањата за испорачаните производи, но и покрај судските пресуди, со години не можела да ги наплати средствата.

„Ми должат пари за производите што сум ги испорачал. Победив на тендер, ја завршив испораката, а потоа не ми плаќаат. Причината, според она што ми беше кажано, е дека исплатата зависи од дискреционото право на тогашните директори, кои ми бараа процент од секоја исплатена рата“, сведочел сопственикот. Тој посочил и  дека исплатите на долговите не се вршат одеднаш, туку на рати, а фирмите, според неговото тврдење, се соочувале со барања за исплата на процент од средствата што треба да им бидат префрлени.

Како дополнителен проблем Колевска – Делевска го наведува законското ограничување на извршувањето врз средствата на државните институции, со кое се остава заштитен дел од буџетот за да може институцијата да продолжи да функционира и да ги исплаќа платите. Поради тоа, кога на сметката на јавната здравствена установа ќе пристигнат средства, доверителите се соочуваат со неизвесност околу тоа кој и кога ќе биде исплатен.

„Според сведоштвото, во практиката постои редослед на исплата во кој предност добиваат одредени фирми, меѓу кои, како што тврди, и компании што донирале за политички партии, додека други се соочуваат со притисоци да дадат мито за да си ги наплатат побарувањата. Редакцијата објави текст во која вели дека му стои на располагање на Основното јавно обвинителство Скопје да ги даде податоците за јавната здравствена установа пријавена за коруптивно однесување, но до ден денес не ги побараа“, рече Колевска-Делевска.

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека темата на панел-дискусијата е една од најважните за земјата да може да ги направи структурните промени што и се потребни.

„Европската комисија со години укажува на потребата од меритократија и јасни критериуми во јавната администрација. Иако Собранието донесе закон кој го регулира мандатот на директорите и го ограничува назначувањето вршители на должност (в.д.), опсегот на законот е сè уште ограничен. Клучните препораки – како што се составот на селекциските комисии, методологијата за избор и јасните критериуми за разрешување – останаа неадресирани.

Во јавниот сектор сè уште е присутна длабока и шокантна партизација на речиси сите нивоа. Како последица на ова, младите кадри (како лекарите кои се стремат еден ден можеби да раководат со здравствените установи) ја губат вербата во системот и, наместо да градат кариера дома, излезот го бараат во странство“, нагласи Рокас.

NO COMMENTS

КОМЕНТИРАЈ Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Exit mobile version