Почетна Солуции Advocacy Lab: Од проблеми до застапувачка акција

[ОТВОРЕН ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблеми до застапувачка акција

Мобилизација втемелена на податоци и советување со граѓаните.

Регистрирај се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември од 15:00 до 19:00 часот и научи практични алатки за застапување (advocacy), ангажирање на граѓаните и иницирање општествени промени.

Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на луѓето погодени од проблемот? Кој има моќ да ја донесе посакуваната промена и како да собереме поддршка за нејзина реализација?

Ќе ги истражиме одговорите на овие и други прашања за време на Advocacy Lab, практична онлајн програма дизајнирана за млади луѓе кои сакаат да развијат знаење и вештини за застапување и граѓанско учество.

Програмата ќе се одржи на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот и нема да се базира само на предавања. Преку кратки експертски презентации, практични примери, интерактивни вежби и симулации, учесниците ќе имаат можност да научат за различните фази од процесот на застапување.

Што ќе правиме за време на Advocacy Lab-от?

Во текот на двата дена, ќе истражиме како да:

  • Го разбереме застапувањето: да препознаеме клучни елементи од процесот на застапување и пошироката загриженост да ја претвориме во конкретна цел.

  • Слушаме: да ги разбереме искуствата и перспективите на луѓето засегнати од одреден проблем и да  вклучиме во развојот на стратегијата за застапување.

  • Стратешки да користиме податоци и докази: да препознаеме кои информации можат да ги поддржат нашите одлуки и како да ги користиме во застапувањето.

  • Мобилизираме поддршка: да осмислиме начини за охрабрување на луѓето активно да учествуваат и да дејствуваат заедно.

  • Мапираме моќ и градиме сојузи: да идентификуваме клучни засегнати страни, донесувачи на одлуки, потенцијални сојузници и бариери, како  и да истражиме

 можности за градење коалиции.

  • Развиваме стратегија за застапување: да го поврзуваме она што е научено и поставуваме основа за конкретна акција за застапување.


Програмата следи еден континуиран процес на застапување:

РАЗБЕРИ – СЛУШАЈ – КОРИСТИ ДОКАЗИ – МОБИЛИЗИРАЈ – МАПИРАЈ МОЌ – ГРАДИ СОЈУЗИ – ДЕЛУВАЈ – ПРОДОЛЖИ ПРЕКУ МЕНТОРСКА ПОДДРШКА


Што можат да очекуваат учесниците по проследувањето на програмата?

Advocacy Lab, исто така, претставува почетна точка на процесот на менторство. По завршувањето на програмата, учесниците ќе ги имаат основите за развој на сопствена задача за застапување, која ќе можат понатаму да ја развиваат со поддршка на ментор.

Целта е учесниците да го поврзат стекнатото знаење со конкретни проблеми, цели и можни акции.

Доколку сакаш подобро да разбереш како се иницираат општествените промени и да ги развиеш основите на твојата сопствена стратегија за застапување, пријави се за Advocacy Lab!

Датум: 28 и 29 септември

Време: 15:00–19:00 ч.

Формат: Онлајн (линкот го добивате при регистрацијата)

Краен рок за пријавување: 26 септември

Пријави се преку овој линк.

Програмата се спроведува во рамките на проектот ENGAGEUROPE – Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување, ангажирање и мобилност засновано на податоци, кој е финансиран од Европската унија преку програмата Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV).

Финансирана е од Европската унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво ставови на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Европската унија и надлежниот орган не можат да бидат одговорни за нивната содржина.

NO COMMENTS

КОМЕНТИРАЈ Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Exit mobile version