Фасадни решенија за собирање на сончевата енергија

ЕУ

Сончевата енергија и нејзиното што поголемо искористување е голем предизвик. Објекти кои не само преку покривот туку и преку ѕидовите, односно целата површина, собираат сончева енергија, е нешто кое секој би го посакувал.

Таквите згради би овозможиле можнo искористување на 60 милијарди метри квадратни фасадни површини во Европската унија.

Токму еден проект финансиран од ЕУ програмата Хоризонт 2020 има разработено концепт за реновирање на објекти кој овозможува собирање на енергијата преку сите достапни површини, прозорци како и ѕидови, што придонесува да се создадат нето енергетски позитивни објекти кои создаваат повеќе енергија отколку што трошат.

Иновативниот концепт ги користи постоечките кровни фотонапоски решенија, како и нови фасадни решенија за собирање на енергија. Фокусот на фасадните решенија е абсорбирање на важниот, но невидлив дел од сончевото зрачење, блиското инфрацрвено зрачење, кое пак содржи околу 50% од енергијата која ја дава сончевата светлина.

За собирање на енергијата развиени се фасадни и стаклени елементи во различни бои. За да се максимизира ефикасноста, сите решенија може да се поврзат со новите системи за греење, но и јавните дистрибутивни мрежи на топлина. Поврзаноста овозможува дистрибуција и складирање на собраната енергија.

Со проектот се создаваат енергетски позитивни објекти што е во согласност со исполнувањето на амбициите на ЕУ за обновлива енергија до 2030 година и исполнување на целите за намалување на емисијата на стакленички гасови.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here