Селектирање отпад со помош на вештачка интелигенција

Белгија, Обединето Кралство

Според Светска банка, светот создава две милијарди тони комунален цврст отпад секоја година глобално, а депонирањето или согорувањето на овој отпад може негативно да влијае на животната средина.

Ако се знае дека селектирањето на отпадот за да се овозможи рециклирање е голем предизвик, со најголем проблем потребата од мануелна работа и како да се одвои пластиката и другиот вреден од невреден мешан отпад, целиот процес на рециклирање може да биде премногу скап.

До решение за овој предизвик, како и зголемување на уделот на отпад кој се рециклира, дошле пронаоѓачи од Белгија и Обединетото Кралство, со помош на автоматизирање на процесите со употреба на вештачка интелигенција.

Пронајдокот се состои од два дела, кои капацитетите за рециклирање може да ги користат одделно или заедно и тоа: систем за компјутерска визија кој користи вештачка интелигенција за точно утврдување на различни типови на отпадоци, и роботска рака која се движи по шест оски за автономно да земе вредни материјали од транспортна лента за рециклирање со мешан отпад со мала вредност.

Целта е да се зголеми чистотата, а со тоа и вредноста на балите со рециклиран отпад, зголемувајќи ја финансиската исплатливост на рециклирањето. Системот за компјутерска визија користи камера која може да направи 60 фотографии во секунда од отпадот на подвижната лента и да ги испрати на алгоритам, кој ги рангира според приоритет на подигање.

Потоа се праќаат насоки до роботската рака за сортирање, од каде и кој отпад да се земе. Иновативното решение може да направи 55 успешни подигања на отпад од подвижната лента секоја минута.

Според пронаоѓачите, овој интелигентен систем за сортирање на отпад овозможува зголемување на перформансите до 300%, што го прави ветувачко бизнис решение, кое привлекува милиони евра финансии.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here