Политичко CSI: Операција Брисел – Како да профилираш европратеник за два часа?

Приклучете се на двочасовниот онлајн тренинг и стратешка игра во организација на ENGAGEUROPE.

Преку глава ли ви е од здодевните Zoom-вебинари на кои само седите, слушате и зјапате во екранот? И нам ни здодеаа. Затоа го менуваме пристапот! Ја претвораме политичката застапувачка (advocacy) работа во динамична детективска игра во живо.

Официјално ги покануваме младите предводници на промени, активистите, студентите и сите други млади луѓе од цела Европа да ни се придружат на интензивна онлајн-работилница заснована на практична работа.

Датум: Среда, 7 октомври 2026 година

Време: 18:00 – 20:00 часот (CET)

Платформа: Во живо на Zoom (линкот се добива по регистрацијата)

Цена: 100% бесплатно, но регистрацијата е задолжителна.

Што е „политичко CSI“?

Во реалниот свет на застапувањето, политичарите не се роботи – тие се обични луѓе со специфични интереси, животни приказни и хобија. Пред да испратите каква било порака до креатор на политики, треба да ја мапирате нивната моќ и да го пронајдете нивниот „клуч“ за пристап.

Водени од искуствата од прва рака на поранешен член на клучниот тим на познатата европска граѓанска иницијатива (погодете која?), ќе влезете во улогата на политички детективи.

Мисија:

Учесниците автоматски ќе бидат поделени во мали меѓународни „CSI-тимови“ во посебни соби (breakout rooms) на Zoom. Секој тим ќе добие  „доверлива папка со податоци“ за вистински пратеник во Европскиот парламент (MEP). Вашата задача? Да ги истражите нивните профили на интернет, да анализирате за што гласале, да ја откриете нивната тајна страст и да ја осмислите совршената „Златна порака“ со која ќе го отворите патот до нивната канцеларија.

Што ќе добиете за 2 часа:

  • Вистински сознанија: Слушнете искуства од прва рака од поранешен член на клучниот тим на голема европска граѓанска иницијатива.

  • Вистински вештини: Совладајте ја вештината за истражување, мапирање на моќта и концизна дипломатија под притисок.

  • Меѓународно вмрежување: Поврзете се со врсници од цела Европа.

Важна напомена: За да одржиме висококвалитетно стратешко опкружување, имаме строга политика: „камерите вклучени, без опуштање“.

Кликнете овде за да се регистрирате и да станете дел од „детективските тимови“.

Напомена пред да започнете со истражувањето: Ова е игра, и затоа тонот на оваа покана е намерно разигран. Целта не е „хакирање“ на политичари, нарушување на нечија приватност или промовирање политичка манипулација. Станува збор за практична вежба осмислена да ви овозможи да го искусите застапувањето во пракса: истражување јавни информации, запознавање со носителите на одлуки, идентификување релевантни поврзаности и креирање стратешка порака за застапување. Целото истражување ќе се заснова на јавно достапни информации и ќе се спроведува во рамките на одговорното и етичко застапување.

Проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување, ангажман и мобилност засновани на податоци“ (ENGAGEUROPE, проект бр. 101253265) е предводен од Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и се спроведува во партнерство со Универзитетот во Скадар „Луиѓ Гуракучи“ (Албанија), Културното здружение „Јуропија“ (Youropía) (Шпанија), Центарот за компаративни и меѓународни студии – CCIS (Албанија), Здружението на млади со попреченост на Црна Гора – AYDM (Црна Гора), Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција (Северна Македонија), Младинската иницијатива за човекови права – YIHR (Хрватска), Младинскиот образовен форум – YEF (Северна Македонија) и Младинската иницијатива за човекови права – (Србија).

Финансирана е од Европската унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво ставови на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Европската унија и надлежниот орган не можат да бидат одговорни за нивната содржина.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here