Шефот на ЕВН за Агенда 35: Крадењето струја е голем проблем во Македонија и е апсолутно неприфатливо за нас!

"За мене како човек не е прифатливо некој да зема производи или услуги без да плати.“, вели претседателот на УО на ЕВН Македонија, Волфганг Мајер. „Со технички зборови, овие загуби ги нарекуваме нетехнички загуби, што во реалноста е крадење на електрична енергија и ние правиме се', не само во минатото, туку и сега и, и во блиска иднина,  да ги намалиме овие нетехнички загуби. Направивме огромни напори за инвестиции и на ова поле и силно ќе останеме на тоа. Но, на многу позитивен начин ќе напоменам дека имам впечаток дека сега општеството е зад нас бидејќи никој што плаќа струја не може да разбере дека друг не плаќа. Ја имаме и целосната поддршка од државните институции во земјава во моментов но исто така и од медиумите.“

Крадењето струја е голем проблем во Македонија и е апсолутно неприфатливо за компанијата, вели првиот човек на ЕВН во земјава, Волфганг Мајер за Агенда 35.

За него како човек не е прифатливо некој да зема производи или услуги без да плати.

„Со технички зборови, овие загуби ги нарекуваме нетехнички загуби, што во реалноста е крадење на електрична енергија и ние правиме се’, не само во минатото, туку и сега и, и во блиска иднина,  да ги намалиме овие нетехнички загуби. Направивме огромни напори за инвестиции и на ова поле и силно ќе останеме на тоа. Но, на многу позитивен начин ќе напоменам дека имам впечаток дека сега општеството е зад нас бидејќи никој што плаќа струја не може да разбере дека друг не плаќа. Но, ја имаме и целосната поддршка од државните институции во земјава во моментов но исто така и од медиумите.“, вели Мајер.

Во интервјуто за Агенда 35 тој вели и дека не очекува цената на струјата да се спушти на нивото од пред кризата. Уште повеќе, што енергетската криза изгледа нема да заврши така бргу, особено по избувнувањето на војната помеѓу Израел и Хамас, што веќе ги вивна цените на нафтата нагоре (разговорот со Мајер е воден пред избувнувањето на конфликтот, н.з.). Но, во ЕВН се надеваат дека цената на струјата ќе се стабилизира барем на ова ниво.

„Никој, па дури и јас не можам да дадам гаранција за претстојнава зима, но имам впечаток дека целиот сектор, вклучително и регулаторната комисија, вклучително и институциите, нашите експерти и колеги од ЕВН, па дури и колегите од ЕСМ и МЕПСО се многу свесни на оваа тема и прават сѐ за да бидеме соодветно подготвени за наредните месеци. Долгорочно гледано, би рекол дека една од поголемите задачи е енергетската транзиција кон обновливите извори на енергија.“

Според Мајер, Македонија мора да ги направи потребните реформи на патот кон ЕУ, а евроинтеграциите несомнено би ги подобриле условите за водење бизнис.

Европското прашање од деловна перспектива, јасно е дека европскиот пазар е прилично огромен пазар и секако носи предности за бизнис секторот затоа што лесно можете да тргувате со вашите производи и услуги. За луѓето секако гледаат има повеќе можности за работа, образование и да има уште повеќе можеби опции на пазарот на труд за двете страни.
Значи, ова се најважните работи што би ги кажал. И од моја лична гледна точка, навистина сум сигурен дека ќе видам многу повеќе перспективи отколку ризици на оваа тема. Така што лично се надевам дека Македонија наскоро ќе биде дел од европското семејство и навистина сум сигурен дека огромен потенцијал може да се подигне преку ова.“, вели Мајер.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here