Димитров за „Newsmax Balkans“: Европа е за жал сѐ помалку фактор на меѓународната сцена

Европа мора да се консолидира, и да го зајакне својот глас како континент, истакна претседалот на „Солуција“ Никола Димитров во гостувањето на регионалната кабелска телевизија „Newsmax Balkans".

Живееме во време на голема глобална нестабилност и единствено што во овој период е предвидливо е потполната непредвидливост, истакна претседателот на “Солуција“, Никола Димитров во гостувањето на кабелската телевизија Newsmax Balkans со седиште во Белград.

“Токму во моментот кога најмногу ни треба лидерство во Европа, двата мотори на ЕУ, Германија и Франција, имаат внатрешни политички проблеми и нестабилност“, рече Димитров во видео обраќањето за време на емисијата „Синтеза“.

Димитров оцени дека Европа, за жал, е сѐ помалку фактор, а се повеќе само глас што следи што ќе се случи и којшто се надева дека некој нешто ќе реши.

„Фрапантно е колку самата Европа делува немоќно да влијае врз војната која ѝ се случува на нејзина територија“, додаде Димитров.

Димитров се осврна и на актуелната ситуација на Македонија во контекст на евроинтеграциите.

„Следната година ќе направиме 20 години од кандидатскиот статус.. Ние сме земја ветеран, знаеме сѐ за чекалницата на Европа, ‘какви ѕидови има чекалницата, какви плочки на подот’, но никако таа врата сериозно да се отвори. Оваа војна на некој начин, ако ништо друго, ја врати дебатата околу проширувањето… И сите зборуваат за моментум, нова шанса и сл., но тоа не е сѐ уште преведено во сериозни политички одлуки  и една понуда кон регионот.“, истакна Димитров.

Според него, Европа мора да се консолидира, и да го зајакне својот глас како континент.

„И најприроден инстинкт би бил да ја консолидираме територијата на Европа, значи мораме сериозно да работиме на проширувањето. Мене ми фали визија која вели, ‘ние ќе направиме простор за нови земји до 2030, сериозни сме, ќе планираме фондови за новите членки и ќе направиме тешко за индивидуални членки да го блокираат процесот на земјите кандидатки’. Тоа што Европа не беше доволно зрела да го награди Преспанскиот договор, во регион каде што има многу повеќе проблеми одошто решенија, и конечно сме направиле решение, прашање што не влечело назад 30 години, за мене е апсолутно еднакво на стратешко слепило. “, забележа Димитров.  

Никола Димитров како поранешен министер за надворешни работи, гостуваше во „Синтеза“ на на Newsmax Balkans заедно со поранешниот словенечки премиер Миро Церар, и поранешниот министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак. Телевизијата со седиште во Белград, е основана во март 2024 година како прв медиумски партнер на американската телевизија Newsmax надвор од САД. Newsmax Balkans е првата 4K телевизија за вести во регионот, а почна да емитува програма на 14 октомври.

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here