Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата!
Ширум Европа, демократското учество и довербата во институциите се соочуваат со растечки предизвици. Во исто време, дебатите за иднината на Европската унија, проширувањето, демократското управување и учеството на граѓаните стануваат сè поважни, особено во контекст на геополитичките промени и ангажманот на ЕУ со соседните и земјите-кандидатки.
Во тој контекст, проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност“ (ENGAGEEUROPE), финансиран од програмата CERV на Европската Унија, ги здружува граѓанските организации и академските партнери од цела Европа за да поттикне дијалог, граѓански ангажман и учество во демократските процеси поврзани со иднината на Европската унија.
Во текот на целиот проект, ќе настојуваме да промовираме значајни размени и структурирани дијалози меѓу младите граѓани и засегнати страни низ цела Европа, оспособувајќи ги да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската унија и поттикнувајќи подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети и политички предизвици на ЕУ, со што ќе се зголеми нивното активно учество, чувството за европски идентитет и директниот придонес во обликувањето на идните процеси на европска интеграција и демократско управување.
ENGAGEEUROPE бара мотивирани млади луѓе кои се љубопитни, посветени и сакаат да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската Унија и да поттикнат подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети на ЕУ и предизвиците на јавните политики.
Критериуми што треба да се исполнат
Учесникот во ENGAGEEUROPE мора:
- Да е на возраст од 18 до 30 години во моментот на аплицирање,
- Да е жител на една од шесте земји-партнери, земја-членка на ЕУ или други земји учеснички во програмата CERV,
- Да може да комуницира на англиски јазик (работно ниво),
- Да биде посветен за целото времетраење на програмата,
- Да биде мотивиран да се вклучи во граѓански прашања и прашања поврзани со ЕУ,
Особено ги охрабруваме да се пријават младите жени и небинарните млади луѓе, младите со попреченост, младите од руралните средини и младите професионалци.
Како да се пријавите?
Прочитајте го целиот отворен повик овде и пополнете го онлајн формуларот за апликација овде.
Потребни ви се повеќе информации?
За дополнителни информации, пишете на info@scidevcenter.org.
Проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност “ (ENGAGEUROPE, проект бр. 101253265) го води Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV), Албанија, и се спроведува во партнерство со Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје (Македонија), Младински образовен форум – YEF (Македонија), Универзитетот во Скадар „Luigj Gurakuqi“ (Албанија), Youropia Cultural Association (Шпанија), Центарот за компаративни и меѓународни студии – CCIS (Албанија), Здружението на млади со попреченост Црна Гора – AYDM (Црна Гора), Младинска иницијатива за човекови права – YIHR Хрватска, и Младинска иницијатива за човекови права – Србија.
Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на програмата Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV).








