„Гласен текстилец“ успеа да наплати од странски брендови 42.000 евра што на македонски работнички им ги должела домашна конфекција

„Успеавме за 32 работнички да им бидат исплатени побарувања кои се однесуваат на К15, три плати, испратнини поради откази од деловни причини, како и штета направена на бремена работничка која изгуби право на платено породилно отсуство. Ова е нешто што се случува за прв пат во Македонија, па и на Балканот, каде претежно се наоѓаат фирмите кои шијат за странските модни брендови.“, изјави денеска претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

После две години судски постапки против македонска фирма,  а подоцна и преговори со странски брендови за коишто фирмата шиела конфекција, здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ успеа да издејствува да се исплати паричен надомест  на текстилни работнички од Штип, на коишто македонскиот сопственик им должел износ од речиси 42.000 евра.

„Успеавме за 32 работнички да им бидат исплатени побарувања кои се однесуваат на К15, три плати, испратнини поради откази од деловни причини, како и штета направена на бремена работничка која изгуби право на платено породилно отсуство. Ова е нешто што се случува за прв пат во Македонија, па и на Балканот, каде претежно се наоѓаат фирмите кои шијат за странските модни брендови.“, изјави денеска претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

Таа додаде и дека оваа победа на работничките укажува на општествената одговорност на европските брендови, за разлика од компаниите што работат во нивниот синџир на производство. Но, според Ампева, ваквите случаи може да предизвикаат прекин на соработката со неодговорните работодавачи од државите производители.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ се обраќа на Конференцијата на „Солуција“ што се одржа на 27 април во Скопје

„Ова е доказ дека македонските работодавачи кои работат за странски компании не се недопирливи и при вакви случаи можат да се соочат со одредени штетни последици. Продолжуваме со ваквите пракси на интернационално застапување во корист на работниците кај странските брендови се со цел почитување на човековите и работничките права на македонските текстилни работници. “, истакна Ампева.

Таа искажа благодарност за истрајноста на работниците кои биле активни за време на судските постапки против македонскиот работодавач и за време на преговорите со брендовите.

„Благодарност до нашите адвокати Донче Стаменков и Антонио Саздов за сите судски постапки и изготвени документи и договори со кои сега Гласен Текстилец ги префрла сумите на оштетените работници. Благодарност и до колешките и колегата од Гласен Текстилец за сега да имаме прв ваков позитивен случај со кој ја оправдуваме нашата работа како водечка организација во Македонија која ги застапува интересите на работниците во државава, на локално, регионално, национално, а сега и интернационално ниво.“

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here