Димитров ќе се обрати во Бундестагот за 20 годишнината од проширувањето на ЕУ во 2004

Димитров ќе зборува за европската политика на проширување, предизвиците и актуелните блокади, како и за можностите за нивно надминување.

Претседателот на Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, Никола Димитров, утре ќе престојува во посета на Берлин, на покана на германската Асоцијација за Југоисточна Европа, каде ќе има можност да се обрати пред пратеници, политичари, експерти и медиуми на настан организиран во Бундестагот по повод 20 годишнината од големото проширување на ЕУ во 2004.

Димитров ќе зборува за европската политика на проширување, предизвиците и актуелните блокади, како и за можностите за нивно надминување.

Во склоп на проширувањето од 2004, ЕУ доби десет нови членки – Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here