Доцнат со завршните сметки, ама ќе останат без државни пари: ДЗР ги предупреди партиите

Од ДЗР велат дека со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од буџетот од страна на политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина.

Фото: ДЗР ФБ страница

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска испрати потсетување до партиите да ги поднесат финансиски извештаи за 2024 година, во спротивно велат дека ќе побараат од министерот за правда да донесе одлука за запирање на исплатата на средства за редовно годишно финансирање од буџетот на Македонија за оваа година.

„Во поглед на констатираната фактичка состојба на финансиско известување за известувачката 2024 година, ДЗР укажува на потреба од итно постапување на политичките партии кои заклучно со 30 март годинава сѐ уште не ги поднеле сите или некои од погоренаведените финансиски извештаи, односно упатува итно да ги достават до Државниот завод за ревизија“, се вели во денешното соопштение.

Од ДЗР велат дека со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од буџетот од страна на политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина.

Катерина Чалоска-Алековска, која е помошничка на државниот ревизор за политички партии, во интервју за „360 степени“ пред еден месец рече дека Државниот завод за ревизија е во завршна фаза на изготвување на извештаите за учесниците во минатогодишните претседателски и парламентарни избори.

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here