Почетна Позиција Вести из бесвести (13.02.2026)

Вести из бесвести (13.02.2026)

*Во Струга наместо вода од чешмите рече темнокафеава течност 

Кој ќе погоди што е, добива – пакет вода 💧 

*Украл картичка и пет месеци трошел – сопственикот не го пријавил 

Жена му сигурно трошела повеќе 👠 

*Данците купиле 250 станови во Скопје, планираат да стигнат до 1000 

Овие Данци не ќе да се баш Данци #нештојетруло

*Државниот архив не ги исполнува основните услови за сместување, чување и заштита на архивски материјали

Сме имале институција што не може да си ја заврши единствената можна работа што ја има?  Немогуче 🤣

*Мерц: Ни треба нова стратегија за Западен Балкан

Ни ме сакаш, ни на друг ме даваш 🎶 

*Цели региони немаат инспектор за животна средина – Државниот инспекторат наместо 50, има само 25 вработени

Од нив – само пет саглам!? 🫤 

*Во Тетово се породила жена која се водела како почината од 2006

Во многу земји мртвите гласаат, ама само кај нас – раѓаат 💪 

*Крадец фатен на дело во Ѓорче, му земале сѐ што зел 

Сите способни заминаа за Германија 🤷‍♀️

*СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ го партизира судството

 ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го партизираше судството 

Кога едниот гледа шестка, а другиот деветка – многу е можно и двајцата да се во право 😇 

*Ахмети повикува на марш во Приштина за правда за водачите на ОВК

Живеење во минатото е главен симптом на траума… опозициска. Консултација со лекар/фармацевт препорачана 👩‍⚕️

* * * * * * * * * * * * * * * *

Бонус вест (претпразнична) ♥️ 

* *Празнувајте со срце, возете со разум – апелира Советот за безбедност во сообраќајот*

Обратното е секогаш скапо ❗️😉

Редакциска забелешка:

Вестите од рубриката “Вести из бесвести” се селекција на наслови од македонските медиуми, кои се однесуваат на вистински настани што го одбележаа денот. Уредничкиот коментар е сатира, преку кој редакцијата сака да ја отслика надреалноста во која живеат македонските граѓани, во едно секојдневие кое честопати се граничи со целосен апсурд!

NO COMMENTS

КОМЕНТИРАЈ Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Exit mobile version