European Endowment for Democracy

Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy)  е независна организација основана во 2013 година од Европската унија (ЕУ) и земјите-членки на ЕУ како автономен меѓународен фонд којшто одобрува грантови со цел зајакнување  на демократијата во европското соседство (Источно партнерство – EaP – и Блискиот Исток и Северна Африка – MENA), Западен Балкан, Турција и пошироко.

EED поддржува граѓански организации, продемократски движења, граѓански и политички активисти, како и независни медиумски платформи и новинари кои делуваат кон остварување на плуралистички, демократски политички систем. Поддршката зависи од почитувањето на демократските вредности, почитувањето на човековите права и почитувањето на принципите на ненасилство.

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here