Почетна Позиција Поголема  општествена  одговорност  за  поголема  одржливост  на претпријатијата

Поголема  општествена  одговорност  за  поголема  одржливост  на претпријатијата

Општествената одговорност влијае на подобрата репутација на компаниите, нивната етаблираност на пазарот, препознатливоста од страна на потрошувачите и нивните очекувања за самата компанија. Оттука, кога има добро поставен систем на општествена одговорност, компаниите имаат подобра основа за управување со брендот.

Извор: Pexels.com

Автор:
Ристе Костовски, магистер по економски науки

Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијание на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува со етичко и транспарентно делување кое придонесува за одржлив развој, при што ги зема во предвид и очекувањата и ставовите на стејкхолдерите (Извор: Конект.мк).

Моделот на општествена одговорност е поврзан со самата одржливост на претпријатијата, бидејќи е еден вид на стимулирачки механизам за подобрување на нејзините еколошки, етички и социјални перформанси. Како бенефити од општествената одговорност можат да се наведат:

-Подобрата репутација и ефикасното управување со репутацискиот ризик;

-Поефикасно управување со брендот;

-Пристап до финансиски ресурси;

-Зголемена продуктивност;

-Подобрата организациска клима внатре во рамки на организацијата и др.

Општествената одговорност влијае на подобрата репутација на компаниите, нивната етаблираност на пазарот, препознатливоста од страна на потрошувачите и нивните очекувања за самата компанија. Оттука, кога има добро поставен систем на општествена одговорност, компаниите имаат подобра основа за управување со брендот. Подобрата мотивираност на вработените како и самата организациска култура врз која влијае општествената одговорност, во крајна инстанца водат кон поголема продуктивност.

Бидејќи општествената одговорност влијае на антиципирање на ризиците како и подобрување на самиот пазарен потенцијал на компанијата, сето тоа води до полесен пристап до извори на финансирање за самата компанија.

Поради овие причини, неопходен е стратешки пристап кон концептот на општествена одговорност. Во однос на самиот пристап кон развој на овој модел, во современи услови се применува моделот за создавање на заеднички вредности кој се фундира врз кохерентноста со стејкхолдерите.

Моделот на општествена одговорност е важен за генерирање на конкурентска предност на претпријатијата, бидејќи покрај врз имиџот на претпријатието и подобрената пазарна позиција влијае и врз мотивацијата на вработените внатре во рамки на самата организација. Поради тоа, потребна е поголема поддршка од страна на институциите за развивање и трансфер на добри практики на општествена одговорност помеѓу претпријатијата, кои ќе помогнат во подобрување на конкурентноста на претпријатијата како и нивна одржливост.

Овие димензии на влијанието на општествената одговорност се потврдуваат и низ емпириската литература. Имено,  Маракова и група автори во својот труд од 2021  нотираат дека општествената одговорност е еден од факторите кој влијае врз конкурентската предност. Имено, како што претходно беше истакнато, општествената одговорност преку одредени доведува до подобрување на процесите кои во крајна инстанца водат кон подобар аутпут. Понатаму, Арслан и Земан (2014) во свое емпириско истражување укажуваат на позитивно влијание на општествената одговорност врз брендот на компанијата, кое се канализира преку перцепциите и ставовите на потрошувачите. Ретаб и група автори  (2009) во нивната анализа го потврдуваат позитивното влијание на општествената одговорност врз организациските перформанси и тоа во финансиската димензија, димензијата на корпоративната репутација и посветеноста на вработените кои се клучни за одржливост на растот и развојот на компаниите.

Во однос на состојбите со тековите на општествена одговорност во нашата земја, постојат добри практики кај голем дел од компаниите. Како системски пристап за развивање на општествената одговорност, добро е формирањето на Координативно тело за општествена одговорност при министерството за економија, но потребна е поголема програмска кохерентност на сите нивоа како и подобрување на капацитетите на самите компании, за апсорбирање на практиките на општествена одговорност.

NO COMMENTS

КОМЕНТИРАЈ Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Exit mobile version