Граѓанскиот сектор бара целосно расветлување на инциндентот во М-НАВ и заштита на сите укажувачи на корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 јануари, како и заштита на сите оние кои со своето делување укажуваат или пријавуваат  можни ризици од корупција.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 јануари.

Во своето отворено писмо до јавноста, Платформата бара целосно расветлување на насилниот инцидент во просториите на  М-НАВ и заштита на сите оние кои со своето делување укажуваат или пријавуваат  можни ризици од корупција.

„Сметаме дека сите оние кои во своето работно опкружување, особено во јавниот сектор, се залагаат и делуваат против партиски вработувања, без разлика на националната припадност при вработувањата, треба да бидат заштитени. ков било напад по оние што се одлучиле да застанат во заштита на законитоста при вработувањата, претставува сериозна закана по доброто управување, борбата против корупцијата и клиентелизмот, и ќе делува обесхрабрувачки за идни слични потенцијални иницијативи на работните колективи во јавниот сектор. Борбата против корупцијата е должност на сите, па затоа иницијативите кои доаѓаат од јавниот сектор треба да бидат заштитени и поттикнати.“, се вели во писмото.

Неколку лица предводени од Беким Незири, советник на директорот во М-НАВ, поставен како партиски кадар на ДУИ, влегоа насилно во просториите на Контролата на летање на 4 јануари, физички напаѓајќи вработен поради тоа што дал поддршка на Синдикатот на контролорите на летање околу актуелните случувања во М-НАВ.

Токму затоа, Платформата бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, да се испитаат и сите индиции за корупција или ризици од корупција во работењето на М-НАВ на кои досега е укажано, токму поради потребата од воспоставување на систем во кој ќе се постапува по сигналите за злоупотреба во работењето.

„Само на тој начин, системот ќе им демонстрира на досегашните и идните сведоци на корупцијата во рамките на институциите дека има поента да пријават корупција, и дека по нивните сведоштва ќе се постапува. Оттука, Платформата бара одлучна реакција на полицијата и јавното обвинителство за да се утврди кривична одговорност и овозможи заштита на оние кои пријавуваат, а од Владата како основач на М-НАВ да утврди морална и политичка одговорност кај оние што се вклучени.“, велат од Платформата.

Платформата на граѓански реакции за борба против корупција е составена од 18 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување.

Соосновач на „Солуција“, со над 20 години искуство во новинарството

КОМЕНТИРАЈ

Please enter your comment!
Please enter your name here